Саакашвили го прекина штрајкот со глад, префрлен од затвор во воена болница

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Поранешниот грузиски претседател и опозициски лидер, Михаил Саакашвили беше префрлен од затвор во воена болница и го прекина штрајкот со глад, потврди неговиот лекар.

„Саакашвили официјално го прекина штрајкот со глад веднаш откако беше префрлен во воената болница во Гори, 90 километри западно од главниот град Тбилиси“, рече Николс Кипшиџе.

Поранешниот претседател е примен на одделението за интензивна нега во критична здравствена состојба, додаде докторот.

На поранешниот претседател на Грузија неодамна му се слоши. Лекарите утврдиле дека има акутен невролошки проблем поради недостаток на витамин Б.

Саакашвили, претседателот на Грузија од 2004 до 2013 година, кој се уште е популарен, се врати во земјата на 1 октомври, по осум години егзил, а беше уапсен врз основа на пресудата од 2018 година за злоупотреба на службената положба.

Саакашвили, кому му се судеше во отсуство, смета дека судењето е политички мотивирано.

Слични содржини