Саакашвили до Лукашенко: На Путин воопшто не му е гајле за тебе

од Nikola Popovski

Поранешниот грузиски лидер и прозападен реформатор Михаил Саакашвили му твитна на долгогодишниот белоруски лидер Александар Лукашенко.

Саакашвили му рекол на Лукашенко дека неговото владеење ќе заврши ако тој испрати свои војници во Украина.

„Лука, никогаш не ти дадов лош совет. Ако испратиш војска во Украина, најмногу за еден месец нема да бидеш повеќе на власт и ќе завршиш многу лошо. На Путин не му е грижа за твојата судбина, треба да го знаеш тоа“, напиша Грузиецот.

Самиот Саакашвили е во затвор во Грузија и беше уапсен пред локалните избори откако минатата година неочекувано се врати во земјата по осум години.

Саакашвили, кој ја предводеше револуцијата во Грузија во 2003 година, верува дека обвинувањата против него, кои се однесуваат на наводна злоупотреба на функцијата и прикривање, се политички мотивирани.

Слични содржини