Белоруската тенисерка Арина Сабаленка проговори по смртта на нејзиното момче Константин Колцов, кој почина на 42-годишна возраст.
По повод се, Сабаленка реши да се огласи на својот официјален Инстаграм профил, и упати барање.
– Смртта на Константин е незамислива трагедија и бидејќи веќе не сме заедно, срцето ми е скршено. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност и приватноста на неговото семејство во овие тешки моменти – стои во објавата на Арина Сабаленка.

За потсетување, момчето на споменатaтa тенисерка беше хокеар, а играше за Питсбург пингвинс.
Колцов и Сабаленка беа во емотивна врска од 2021 година.