Сабаленка рутински ја совлада Пегула и го освои турнирот во Мајами

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка победи на ВТА 1.000 турнирот во Мајами.

Белорусинката во финалето по час и половина игра ја совлада Американката Џесика Пегула со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Сабаленка водеше со 2:0 и 5:3, но Пегула успеа да се врати и да израмни на 5:5. Сабаленка сепак не дозволи пресврт и го доби првиот сет со 7:5.

Пегула го отвори вториот сет со брејк за 1:0, но тоа беше се што направи. Сабаленка одговори со четири гема во низа и рутински го приведе мечот со вкупен резултат 7:5, 6:2.

За Сабаленка тоа беше 19. ВТА турнир во кариерата, а втор годинава по победата во Бризбејн на почетокот на годината.

Слични содржини