САД: 61.795 новозаразени со коронавирус, вкупно над 4,2 милиони

од Vladimir Zorba
212 прегледи

Центарот за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) соопшти денес дека се регистрирани 61.795 нови случаи на коронавирус во земјата, со што вкупниот број на заразени е 4.225.687.

Уште 564 луѓе починаа, со што вкупниот број на жртви на пандемија се искачи на 146.546, додаде ЦДЦ.

Извештајот за состојбата со коронавирусот го опфаќа периодот до вчера попладне во однос на претходниот ден.

Податоците на ЦДЦ не ги одразуваат случаите пријавени од одделни држави, пренесува Ројтерс.