САД , Австралија и Јапонија “покажуваат заби” на Кина- почнаа заеднички воени вежби

од desk3
106 прегледи

Речиси 30 000 војници од САД и Австралија ќе учествуваат во големи воздухопловни, морски и копнени вежби во австралиските Држави Квинсленд и Северната територија. Кон нив ќе се приклучат 40 јапонски и 500 новозеландски војници.

BRPD

Целта на маневрите под кодирано име “Талисман -Сејбер” (Talisman Saber), кои ќе траат до 21 јули, е вежбањето на заеднички активности по море, копно и воздух. Првите маневри “Талисман -Сејбер” беа во 2005 и оттогаш вежбите се организираат на секои две години.

Учеството на војници од јапонските сили за самоодбрана (јапонската армија) е диктирано од загриженоста на Токио од растечкото влијание и моќ на Кина. Меѓу двете земји има територијален спор за ненаселени острови Сенкаку (Дјаојујдао) во Источното Кинеско Море. Пекинг не ги признава правата на Јапонија и редовно испраќа во водите на архипелагот патролни бродови како демонстрација за својата неотстапливост. Токио пак не ги признава позицијата на Кина врз голем дел од акваторија и Јужното Кинеско Море, каде поминуваат важни морски патишта.

Минатата недела Морнарицата на Јапонија ги одржа првите заеднички вежби со вооружените сили на Филипините, кои се во конфликт со НР Кина за правата на територии и водни пространства во овој регион.
веќе со децении Кина има спор со Виетнам, Малезија, Филипини и Брунеи за припадноста на неколку групи острови во Јужното Кинеско Море, во чиј дел се откриени големи резерви на нафта и гас. Станува збор особено за Параселски Острови и архипелагот Спратли.