САД: Бајден одобри дополнителна воена помош од 1,85 милијарди долари за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
110 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска одобри 1,85 милијарди долари дополнителна воена помош за Украина, соопшти Белата куќа.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја потврди распределбата на 1,85 милијарди долари дополнителни средства наменети за воена помош за Украина, наведувајќи дека оваа помош вклучува и мобилни противвоздушни ракетни системи Патриот, пренесе „Ројтерс“.

„Износот од една милијарда долари ќе ѝ обезбеди на Украина прецизни средства за противвоздушна одбрана, како и друга помош во износ од 850 милиони долари“, рече Блинкен.

Слични содржини