Соединетите Американски Држави испратија официјално барање до грчката влада да распореди борбени авиони Ф-35 и Ф-15 на Крит, објави турскиот ТВ канал Улусал Канал.
Според извештајот, Атина го добила барањето и подготвува одговор, а доколку се потврди, американската воена авијација ќе биде испратена во базата Соуда на брегот на Крит, пренесе ТАСС.
Се очекува американските авиони да учествуваат во вежби во Медитеранот, се додава во извештајот.