САД ќе побараат од Генералното собрание на Обединетите нации да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави во понеделникот американскиот амбасадор во ОН откако Украина ги обвини руските сили за убиство на десетици цивили во Буча.
За суспензија за грубо и систематско кршење на човековите права може да се гласа со двотретинско мнозинство од 193-членото Генерално собрание на ОН во Њујорк.