САД: Берни Сандерс префрлен во болница, ја прекина кампањата

од desk2
132 прегледи

Американскиот сенатор Берни Сандерс ја прекина привремено кампањата за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2020 година поради здравствени причини.

Сандерс беше префрлен во болница вчера, поради болки во градите. Нему му се ставени два стента откако било утврдено дека има блокада на една артерија.

Се очекува Сандерс (78) да одмара во следните неколку дена, така што сите планирани настани се откажани.