САД: Бројот на случаи со корона расте, само невакцинираните умираат

од Vladimir Zorba
140 прегледи

Бројот на случаи со корона во САД се зголеми за околу 11 проценти во текот на изминатата недела, скоро исклучиво меѓу луѓето кои не биле вакцинирани, соопштија денеска американските власти.

Околу 93 проценти од случаите се случиле во области каде стапката на вакцинација е под 40 проценти, објави Ројтерс.

Тоа го рече директорот на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, изјавувајќи дека сите смртни случаи се регистрирани само кај невакцинираните.