САД: Бутиџиџ води на изборите кај демократите во Ајова

од Aleksandar Petrovski
257 прегледи

Кандидатот за демократски соперник на американскиот претседател Доналд Трамп, Пит Бутиџиџ, поведе на првото гласање во Ајова, според резултатите од 62 избирачки места, соопшти Демократската партија.

Сенаторите Берни Сандерс и Елизабет Ворен се на второто место, додека поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден е на третото место.

Бутиџиџ освои 26,8 проценти од гласовите на делегатите, Сандерс 25,2, Ворен 18,4 и Бајден 15,4 отсто.

Демократите од Ајова, сепак, се уште не го прогласија победник на изборите што се одржаа вчера. Резултатите беа објавени еден ден подоцна поради технички проблеми, а Демократската партија соопшти дека мора да направи дополнителни „квалитетни проверки“ и да ги исправи сите недоследности во пренесувањето на податоците од местата на кои беа одржани изборите.

Според американски медиуи, не работела апликацијата во која требало да се внесат податоците, но и дека не била хакирана.

Кокуси – собири на граѓани на кои отворено се изразува поддршка на некој од демократските кандидати – се одржаа на 1.600 локации во Ајова.

Бројот на делегати на Ајова кои ќе гласаат за претседателски кандидат на последната конвенција на Демократската партија е 41, така што гласовите добиени од кандидатите од Ајова ќе бидат претворени во број на делегати.

Слични содржини