276
Девет лица се ранети во престрелка во Денвер, САД, од кои тројца се во критична состојба, а осомничениот напаѓач е уапсен, соопшти локалната полиција.
„Осомничениот, кој исто така беше застрелан, е во притвор и се верува дека неговите повреди не се опасни по живот“, се вели во соопштението на полицијата, пренесува американската ТВ мрежа ABC News.
Потврдено е и дека пукањето се случило на улицата Маркет 2000 и дека се работи за „сложена истрага која е во рана фаза“.