САД: Директен конфликт со Русија не ни одговара, никој од нашите војници нема да оди во Украина

Блинкен додаде и дека САД ќе избегнат директен конфликт со Русија поради сопствената национална безбедност.

од Бети Божиноска
312 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен истакна денеска дека американската администрација не ги поддржува нападите на вооружените сили на Украина на територијата на Русија, пренесува францускиот ТВ канал LCI.

„Нема да има ниту еден американски војник на тлото на Украина. Директен вооружен конфликт со Русија во Украина не им одговара на интересите на Америка,“ изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен, додавајќи дека САД ќе избегнат директен конфликт со Русија поради сопствената национална безбедност.

На заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурне по нивниот состанок во Париз, Блинкен рече дека американската администрација не ги поддржува нападите на вооружените сили на Украина на руска територија, коментирајќи ги нападите на украинските сили врз руските нафтени постројки.

Блинкен одговараше на новинарско прашање дали САД ги сметаат нападите на Киев врз рафинериите и другите објекти на рускиот енергетски систем за „правилен стратешки пристап“:

„Од првиот ден на војната, кога станува збор за Украина, нашата политика беше да направиме се што е можно за да ѝ помогнеме на Украина да се одбрани од руската агресија. Во исто време, ние не ги поддржуваме и не ги одобруваме нападите на Украина надвор од границите на нејзината територија,“ подвлече тој.

Спротивно на тоа, Сежурн, коментирајќи ги нападите на Украина врз руските нафтени постројки, посочи дека Киев дејствува во рамките на легитимната одбрана.

Претходно, украински беспилотни летала нападнаа неколку руски рафинерии, меѓу кои и фабрики во Нижегородск, Самара, регионот Рјазан, регионот Краснодар. Руските власти постојано посочуваат дека Украина се претворила во терористичка држава.

Слични содржини