САД директно го предупредиле Израел за дејствијата на Западен Брег

од desk2

САД го известиле Израел дека наметнувањето на израелскиот суверенитет на Западниот Брег ќе воведе криза во односите со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти денеска израелскиот министер за одбрана Авигдор Либерман.

– Добивме директна порака, не индиректна и не навестување од САД. Наметнувањето на суверенитет во Јудеја и во Самарија ќе значи непосредна криза во односите со новата администрација – рече Либерман.

Јудеја и Самарија се библиски термини за Западниот Брег.

Либерман реагираше на интервјуто на пратеникот Мики Захар од партијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, во кое тој ја отфрла идејата за палестинска држава и се залага за „решение со една држава“, во која Палестинците би имале израелско државјанство./Meта

Слични содржини