270
САД ќе донираат повеќе од половина милион дози од вакцината Фајзер на Косово, бидејќи земјата се соочува со зголемување на нови случаи на коронавирус и смртни случаи, било потврдено за Радио Слободна Европа од Белата куќа. Според нив, 503.100 дози ќе бидат испорачани на Косово и тие ќе пристигнат викендов преку Ковакс програмата.
„САД се посветени на инвестирање на истата итност во меѓународните напори за вакцинација, како што покажавме дома, и работиме на достава на безбедни и ефективни вакцини на Косово што е можно поскоро“, соопштиле од Белата куќа.
Инаку, на 20 август, САД исто донираше 35.000 дози вакцини од компанијата Фајзер на нашиот северен сосед.