САД доставуваат запленето оружје од Иран во Украина

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Соединетите држави испорачуваат илјадници парчиња запленето иранско оружје и муниција во Украина, потег што може да помогне во ублажувањето на недостигот со кој моментално се соочува украинската војска, објави денеска американската Централна команда (ЦЕНТКОМ).

Се додава дека повеќе од милион парчиња запленета иранска муниција веќе се префрлени на украинските сили, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Владата ја стекна сопственоста на оваа муниција на 20 јули 2023 година врз основа на барањето на Министерството за правда да го конфискува имотот на (иранскиот) Корпус на Исламската револуционерна гарда“, се вели во соопштението.

Во јули оваа година, американското Министерство за правда соопшти дека бара „повеќе од 9.000 пушки, 284 митралези, 194 ракетни фрлачи, повеќе од 70 насочени противтенковски проектили и повеќе од 700.000 парчиња муниција“ запленети од американската морнарица.

Слични содржини