САД дозволуваат влез на целосно вакцинирани странци од 8 ноември

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Целосно вакцинирани странски патници ќе можат да влезат во Соединетите Американски Држави (САД) од 8 ноември, објави Белата куќа.

Портпаролот Кевин Муњоз објави на Твитер дека одлуката ќе се однесува на копнениот и воздушниот сообраќај.

Тој посочи дека одлуката е донесена во согласност со моменталната состојба на јавното здравство во Соединетите држави.

Џеф Зиентс, координатор на Работната група за КОВИД-19, неодамна објави нова политика на американската администрација за меѓународни летови.

Зиентс тогаш рече дека ќе побара од сите странски државјани на возраст над 18 години кои ќе патуваат во САД од ноември да докажат дека се целосно вакцинирани.