167
Стејт департментот денеска соопшти дека јеменските Хути се прогласени за терористичка група, а одлуката ќе стапи на сила за 30 дена.
Во соопштението се вели дека од ноември, Хутите извршиле голем број напади врз меѓународни товарни бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, како и војската распоредена во областа, која е испратена да ја осигура безбедноста на комерцијалните испораки.
„Овие напади на меѓународни бродови ги малтретираа морнарите, го нарушија слободниот проток на стоки и ги прекршија меѓународните правила за слободна пловидба“, се вели во извештајот.