САД го додадоа Пакистан на листата држави кои ги кршат верски слободи

од Vladimir Zorba
83 прегледи

   Американскиот Стејт Департмент гo вброи Пакистан на листата држави каде што брутално се кршат правата на верско изразување, што води до нарушување на безбедноста и стабилноста во државите. 

На списокот веќе се наоѓаат и Саудиска Арабија, Иран, Северна Кореја, Кина, Мјанмар, Еритреја, Судан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

– Заштитата на верските слободи е неопходна за мир, стабилноста и просперитетот, изјави портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Нојерт.

Потегот доаѓа во период на влошување на односите меѓу САД и Пакистан, при што Вашингтон најави дека ќе ја суспендира помошта за Исламабад поради нивната поддршка на исламистите во Авганистан, јави Гласот на Америка.