САД го одлагаат за 15 октомври планирано зголемување на царините врз стоки од Кина

од desk4
193 прегледи

САД го одложуваат планираното зголемување на царините за увозни стоки од Кина вредни 250 милијарди долари за 15 октомври. Тоа го објави на Твитер претседателот на САД, Доналд Трамп.

Првично беше планирано царините за тие стоки да се зголемат од 25 на 30 отсто на 1 октомври.

„На барање на заменикот премиер на Кина, Лиу Хе и поради прослава на 1 октомври на 70-годишнина на НР Кина, договоривме во знак на добра волја, да одложиме зголемување царини на стоки во вредност од 250 милијарди долари“, објави Трамп на Твитер. Зголемувањето се одлага за 15 октомври.