68
САД вчера го осудија „нелегалниот референдум“ во Република Српска, наведувајќи дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на РС да одговара за „поткопување на владеењето на правото и опструкција на примената на Дејтонскиот договор“.
„Ги повикуваме сите страни во БиХ да се воздржат од натамошни акции и реторика која води кон поделби и да се фокусираат на многу потребните општествени, политички и економски реформи“, наведе во соопштение заменик портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер.
Во соопштението се наведува дека раководството на РС во неделата организираше референдум, што директно е во спротивност со одлуката на Уставниот суд на БиХ.