САД ќе ги почитуваат историските институции, но другите земји треба да го дадат својот фер придонес во поддршка на НАТО, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, цитиран од агенциите.

На прес-конференцијата по средбата со германскиот канцелар Ангела Меркел Трамп се заблагодари за ветувањето на германската влада да ги зголеми трошоците за одбрана и да работи на одделување на најмалку 2 отсто од БДП за НАТО.
Претседателот на САД Доналд Трамп се пошегува за време на средбата со германската канцеларка Ангела Меркел, соопшти Си Ен Ен.
“Барем имаме нешто заедничко”, рече тој, мислејќи на своите обвинувања дека Барак Обама ги прислушувал .
Меркел додаде дека се надева на продолжување на трговските преговори меѓу САД и ЕУ и изрази уверување дека билатералниот договор ќе е од типот кој Трамп ќе го поддржува.
Меркел изјави дека успесите на Германија, како во економската област, така и во областа на мирот и безбедноста одат рака под рака со европската интеграција.
Не сум изолационист, поддржувач сум на слободната трговија, но исто така и на фер трговија. Нашата слободна трговија доведе до бројни лоши работи во однос на долгот и дефицитите, изјави претседателот на заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел во Белата куќа.