Соединетите Американски Држави денеска го продолжија привремениот заштитен статус за украинските граѓани за уште 18 месеци, соопшти американското министерство за домашна безбедност.
Во исто време, беа усвоени и други промени за да им се овозможи на квалификуваните украински граѓани да аплицираат за заштитен статус, објави „Ројтерс“.
Продолжувањето ќе важи од 20 октомври 2023 година до 19 април 2025 година, се вели во соопштението.