САД го санкционираат увозот на кинески лекови против болки

од Vladimir Zorba
207 прегледи

САД ќе воведат санкции за увоз на кинески лекови против болки, со цел да се запре епидемијата на зависност од тие лекови, поради која минатата година починаа рекорден број Американци – околу 100.000, објави „Гардијан“.

Бидејќи зависниците се повеќе се свртуваат кон евтини апчиња од странство, американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша декрет со кој и се овозможува на државата полесно да ги таргетира странските шверцери на таблети.

Акциите „ќе помогнат да се размрда глобалниот синџир на снабдување и финансиската мрежа што овозможува снабдување со синтетички опиоиди и хемикалии во САД“, рече државниот секретар Ентони Блинкен.

Според новата извршна уредба, Министерството за финансии санкционираше четири кинески компании и поединец, Чуен Фат Јипа (68), кој е опишан како еден од „најголемите, ако не и најголемиот производител на анаболни стероиди во светот“.

Стејт департментот одреди награда од пет милиони долари за апсењето на Чуен, за кој се верува дека живее во Вухан.

Американското министерство го замрзна и имотот на две криминални банди од Мексико и една од Бразил.

Во извештајот се наведува дека Индија, која има и голема фармацевтска индустрија, може брзо да стане нов извор на нелегални лекови против болки.

Слични содржини