САД го зголемуваат бројот на војска во Бугарија, доаѓаат и “Морските фоки”

од desk3
76 прегледи

Следната година очекуваме сериозно зголемување не само на бројот на обуките и вежбите, но и зголемување на бројот на единиците и екипите од НАТО и други воени формации во Бугарија, бидејќи се планира зголемување на силите распоредени по Црното Море не само по линија на САД, но по линија на Романија и НАТО. Тоа го изјави американскиот амбасадор во Бугарија Ерик Рубин.

0906204001455718575_541089_600x458

“Така што да – ќе има зголемување на бројот на воените сили, особено на нашите морски фоки”, додаде тој.

Рубин вели дека се реализирани успешно голем број заеднички вежби и вежби меѓу Бугарија и САД, и помеѓу Бугарија и НАТО. “Знам дека ова е исклучително важен напредок заедно со поддршката на НАТО се разбира, бидејќи Црното Море ќе биде предизвик во иднина, а Бугарија и Романија се дел од овој регион”, рече тој.

Австриските избори се предупредување за Западот

САД сакаат да и помогнат на Бугарија, за да се подигне квалитетот на постојната воена опрема, а исто така и во работата на интеграција на малцинствата. Американскиот амбасадор го пофали младите Бугари, кои се пример за успех и импресионираат со енергија и ентузијазам.

fokite

Според него, бугарската влада соработува добро со САД.

“Бугарската Влада може да се гордее со своите достигнувања во голем број области – успева да се справи добро со економскиот раст и со странските директни инвестиции, а исто така со новите бегалци на границите на Бугарија, како и со конфликтите кои дојдоа, т.е . да презема мерки во очекување на конфликтите кои дојдиа на Исток и на Запад “, рече тој.

Рубин вели дека не е лесно кога истовремено има толку многу различни по природа кризи и призна дека има проблеми кои не биле до сега разрешени, но смета дека амбицијата за реформи се уште е многу силна.

“Знаеме дека е потребен стремеж за постигнување на транспарентност, за реформи во судскиот систем, за да може да се заштитат инвестициите на еден исклучително транспарентен начин”, рече тој.