САД и Јужна Кореја ги започнаа досега најголемите воени воздушни вежби

од Stefanija Kuzmanovska
142 прегледи

Соединетите држави и Јужна Кореја во понеделникот започнаа една од најголемите комбинирани воени воздушни вежби во која стотици борбени авиони ќе вршат лажни напади деноноќно во поголемиот дел од неделата.

Операцијата „Vigilant Storm“ ќе трае до петок. Околу 240 борбени авиони ќе изведат околу 1.600 летови, објавија од американското воено воздухопловство минатата недела.

Тој број на мисии е најголем досега во тие годишни воени вежби, се додава.

Пјонгјанг ги осуди заедничките вежби како проба за инвазија и доказ за непријателска политика меѓу Вашингтон и Сеул.

Во знак на протест поради неодамнешните вежби, Северна Кореја истрела ракети, спроведе воздушни вежби и истрела артилериски проектили во морето.

Слични содржини