Соединетите Американски Држави бараат дополнителни 1,3 до 1,5 милијарди швајцарски франци за испорака на 36 борбени авиони Ф-35, кои Швајцарија ги нарача во 2021 година, објави швајцарскиот јавен радиодифузен сервис СРФ.
Поранешната министерка за одбрана Виола Амхерст постојано нагласуваше дека купувањето на авионите Ф-35 ќе се изврши по фиксна цена од околу шест милијарди франци, како што беше предвидено на референдумот во 2020 година, објави Свис Инфо.
Во тоа време, 50,1 процент од гласачите ја поддржаа купувањето нови борбени авиони, со јасно наведено ограничување на трошоците.