САД и Германија: Русија ќе ги сноси последиците поради Украина

од Nikola Popovski
236 прегледи

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска повторија дека Русија ќе ги сноси последиците од акциите против Украина.

Бербок ја истакнал потребата од дипломатско решение за зголемените тензии меѓу Москва и Западот, пренесе Ројтерс.

Блинкен и Бербок се состанаа во Стејт департментот пред серијата состаноци со руски официјални претставници закажани за следната недела, соопшти агенцијата.