САД и испратија на Турција преддоговор за продажба на борбени авиони Ф-16

од Radmila Tasevska
202 прегледи

Турскиот адмирал Зеки Актурк денеска изјави дека турското Министерство за одбрана добило од САД преддоговор за продажба на авиони Ф-16.

– Министерството доби нацрт-договор и соодветната документација за него, испратена од САД, во врска со нашето барање за набавка на 40 нови ловци Ф-16 и опрема за модернизација во согласност со потребите на командата на воздухопловните сили на нашата земја. Проектот вклучува и муниција, материјали и опрема за модернизација на постојните ловци, истакна Актурк, додавајќи оти се разгледува преддоговорот.

Според него конечната цена на договорот ќе биде позната во последната фаза од склучувањето на зделката,

Турција, исто така, испрати предлог до американските власти со барање за производство на некои од компонентите потребни за модернизација на достапните борбени авиони на нејзина територија.

Адмирал Актурк ја коментираше и можноста за купување ловци „Јурофајтер тајфун“ (Eurofighter Typhoon).

– Нашиот министер (Јашар Ѓулер) ја посети Велика Британија, каде што размени мислења за билатерални и регионални одбранбени и безбедносни прашања. Една од темите беше прашањето за „Јурофајтер“. Техничките преговори со членовите на конзорциумот продолжуваат. Остануваме да чекаме добри вести од Германија, посочи Актурк.

Ловците „Јурофајтер тајфун“ се произведени од конзорциум од Германија, Велика Британија, Италија и Шпанија. Само Германија, од сите земји кои учествуваат во конзорциумот, сè уште не дала согласност за договор со Турција.

Слични содржини