САД и неколку европски земји спречија штетна програма за кибер напади на клучна инфраструктура

од Radmila Tasevska
331 прегледи

Министерството за правда на САД објави денеска за меѓународна операција со преземени акции во САД и неколку европски земји за спречување на штетната компјутерска програма Qakbot  и разбивање на нејзината инфраструктура.

Oваа програма инфицирала повеќе од 700,000 компјутери низ целиот свет со продор на штетни програми и направила штета од повеќе стотици милиони долари.

Од Европа засегнати се Франција, Германија, Холандија, Велика Британија, Романија и Латвија.

-Оваа штетна програма е избришана од комјутерите на жртвите, и е спречена да прави повеќе штета. Запленети се 8.6 милиони долари во криптовалута незаконски, стекнат профит, се вели во соопштени од обвинителството при Централен округ на Калифорнија.

-Тимот на нашите експерти употреби знаења од науката и технологијата… и го идентификуваше и го наруши Qakbot, високо структурирана и повеќе слојна мрежа на ботови што буквално го хранеше глобалниот ланец на снабдување на кибер криминалците, изјави Даглас Алвеј, помошник директор на периферното одделение на ФБИ во Лос Анѓелес.

Познат и како “Qbot” и “Pinkslipbot,”  Qakbot е malware и спам порграма контролирана од кибер криминална организација и употребена против критичната инфраструктура во многу земји низ целиот свет.

Се наведува дека со акциите на меѓународната група се спречуваат безброј идни кибер напади на сите нивоа, од компромитирани пероснални компјутери до катастрофални напади на инфраструктурата.

Слични содржини