САД и Русија договорија “таен договор” за Сирија- заеднички тимови ќе ги “бележат за разликување” терористите од опозиционерите

од desk3
122 прегледи

Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека ако договорот за Сирија биде спроведен, тоа може да стане пресвртна точка за излез од војна на земјата и посочи дека тоа може на крајот кој ќе доведе до отстранување на претседателот Башар ал Асад од власт, забележува британскиот “Гардијан” по веста за постигнатите договори меѓу Москва и Вашингтон .

Задачата на пробниот договор е да овозможи заедничка американско-руска воздушна кампања против “Исламска држава” и други екстремистички групи и до доведе до нови преговори за политичката иднина на Сирија, наведува весникот. “Гардијан” го цитира рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, според кого голем дел од договорот ќе остане тајна, за да се спречат обидите за саботирање на него.

0000315118-article2

На прес-конференцијата по маратонските преговори меѓу руските и американските дипломати во Женева Лавров истакна дека ова не е крај на патувањето, туку само почеток на нови руско-американски односи и изрази надеж дека сите искрено ќе се однесуваат кон мирот во Сирија и ќе го поддржат договорот , пишува во. “Индипендент”.
Една од главните пречки за новиот план е што групата “Џебхат ан Нусра” неодамна го смени името во “Џебхат Фатах аш Шам” и најави дека ги прекинува врските со Ал Каеда, што и овозможи да дејствува во тесна соработка во некои делови на земјата со остатокот од опозицијара против Асад, вклучувајќи со групи, поддржани од САД, наведува “Фајненшл тајмс”.

Весникот потсетува дека силите на “Џебхат ан Нусра” одиграа важна улога за најновите успеси на бунтовниците против режимот во Алепо и регионот. Весникот истакнува дека односите на САД со оние бунтовници што се борат против Асад ќе зависат од разграничувањето на опозициските групи од “Џебхат ан Нусра”.

Перспективата за поблиска соработка со руските воени сили, сретна отпор кај некои претставници на Пентагон и беше критикуван од некои републиканци, но тактиката во предизборната борба беше комплицирана од некои поволни за Русија коментари на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, додава весникот.

“Њујорк тајмс” потсетува дека синоќа договорот е постигнат по 10 месеци на неуспешни обиди за прекин на борбите и долгите напори за изнаоѓање на политичко решение наусложнетиот конфликт кој изби пред повеќе од пет години. Во војната загинаа речиси половина милион луѓе, изби најтешката бегалска криза по Втората светска војна и ја претвори Сирија во главен инкубатор на борци за “Исламската држава” и групата Фронтот “Нусра”, додава весникот.

“Дипломатски пробив” го нарекува “Комерсант” договорот за Сирија постигнат ноќеска од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот колега од САД Џон Кери.

Министрите рекоа на новинарите дека усогласиле пакет од документи, кој може да стане “појдовна точка за обновување на чекорите за мирно решавање на војната во Сирија”, посочува весникот. Тој го забележува “рекордното времетраење” – над 14-часовни преговори.

До самиот ден на преговорите Американците не претставија на руските колеги своја листа, кој ќе ја разликува сириската умерена опозиција од терористичките групи. Интересно е дека американската страна до последно одбиваше дури и да ја потврди претстојната средба, забележува весникот.

Воените сили од Русија и од САД претстои да го зацврстат договореното од дипломатите. Во најскоро време руското Министерство за одбрана и Пентагон ќе одржат консултации за изгледите за воена соработка во блискоисточната земја. Тие ќе разговараат околу прашањата за разграничувањето помеѓу “умерената опозиција” и џихадистите, како и критичната ситуација во Алепо, пишува “Комерсант”. Негов извор од руските државни структури тврди дека војската од Русија и од САД можат да се договорат за координација, но пречка за тоа е цврстата позиција на Пентагон.

Државниот секретар на САД Џон Кери изјави по преговорите, дека двајцата со неговиот руски колега Лавров се договориле војската на Сирија да ги запре активностите, бидејќи заради нив страда мирното сириско население, наведува “Комсомолскаја правда”.

“Овој чекор е клучен во договорот. И воздушните напади на режимот на (сирискиот претседател Башар) Асад треба да бидат прекинати, за да се запре ширењето на насилството”, ги цитира весникот зборовите на Кери.

Русија и САД ги повикуваат земјите во сирискиот конфликт да прогласат примирје и по 7 дена таков режим, Москва и Вашингтон ќе започнат со создавање на посебен центар кој ќе ги разликува терористите од умерената опозиција. Во овој оперативен центар ќе работат луѓе од специјалните служби на Русија и на САД, тие ќе решаваат практични задачи, прецизира “Московскиј комсомолец”, цитиран од агенциите.

Покрај тоа страните се согласија за постапките и механизмите за испорака на хуманитарна помош и за координација со ОН за овие прашања. Лавров истакна со задоволство дека Џон Кери ја изрази цврстата намера на САД да се борат против групата Фронт “Ан Нусра”. Рускиот министер истакна дека тоа воопшто не е попуст, која се прави од Русија, додава весникот. Исто како и ИД, “Ан Нусра” е забранета во Русија, потсетува печатот.

Во меѓувреме, процентот на луѓето во Русија, кои сеуште веруваат дека Москва и Вашингтон се сојузници во борбата против меѓународниот тероризам, е намален во последните 10 години од 39 на 22 проценти, покажува истражувањето на центарот “Левада”, чии податоци ги цитира “Комерсант”. Сепак негативните ставови кон САД меѓу руското население не станаа силни, покажува анкетата.