Во САД се случија повеќе од 400 настани поврзани со одбраната за правото на абортус.

Протести се случија низ целата држава, по рестриктивниот закон за абортус донесен во Алабама, според кој абортусот се забранува во сите случаи, дури и кога станува збор за силување и инцест. Единствено е одобрен ако животот на мајката е доведен во ризик.
Со мотото „Не се враќаме назад“ жените протестираа во сите 50 држави во земјата, како поддршка на правото за абортус.