Соединетите Американски Држави планираат да назначат амбасадор за Арктикот, поради зголемената руска воена активност во тој регион, јавува денеска Би-би-си.
„Патувачкиот амбасадор“ ќе биде назначен за унапредување на американската политика во поларниот регион на северниот дел на планетата, најави првиот заменик портпарол на Стејт департментот, Ведант Пател.