САД интезивно работат на ставање крај на израелско-палестинското насилство

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, во понеделникот ги повика сите страни во израелско-палестинскиот конфликт да ги заштитат цивилите, додавајќи дека САД интензивно работат на ставање крај на насилството.

„Работиме дење и ноќе преку дипломатски канали за да ставиме крај на конфликтот“, рече Блинкен на заедничката прес-конференција со данскиот министер за надворешни работи во Копенхаген.

Во понеделникот борбите влегоа во втората недела кога Израел продолжи да бомбардира цели во Газа, а палестинските милитанти истрелаа ракети кон израелските градови.

Болнички извори во Газа велат дека биле убиени 198 лица, од кои 58 деца и 34 жени. Според израелските власти, во Израел биле убиени десет лица, меѓу кои и две деца.

Блинкен рече дека Израел има право на самоодбрана, но е вознемирен од веста дека новинарите и медицинскиот персонал се изложени на ризик, особено откако Израел уништи зграда во Газа во саботата во која се наоѓаа канцелариите на американската новинска агенција Асошиејтед прес и други медиуми.

САД побараа од Израел појаснување во врска со нападот, рече Блинкен.