САД испитуваат алергиски реакции на вакцините на „Модерна“ и „Фајзер“

од Stefanija Kuzmanovska

Националниот институт за здравство на САД (НИХ) соопшти дека во моментов спроведува тест за ризик од алергиски реакции на вакцините против ковид 19 направени од компаниите „Модерна“ и „Фајзер“.

Студијата, финансирана од Националниот институт за алергија и инфективни болести, чии резултати се очекуваат во текот на летото, ќе опфати 3.400 возрасни доброволци на возраст од 18 до 69 години.

Околу 60 отсто од учесниците ќе бидат со историја на тешки алергиски реакции на храна, каснувања од инсекти или имунотерапија, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Целта на студијата е, пропорционално на резултатите од студијата за бројот на идентификувани алергиски реакции, да се обезбеди помош на загрозените лица во рок од 90 минути по вакцинацијата.

Во САД, по имунизација со вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, пријавени се неколку случаи на алергиски реакции, вклучително и системски кои можат да бидат опасни по живот, како што е анафилактичен шок.

Во јануари, Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) објавија дека се јавуваат алергиски реакции со фреквенција од 11,1 на милион вакцинации.

Слични содржини