САД испитуваат потенцијално протекување во кинеска нуклеарна централа

од Stefanija Kuzmanovska

Владата на САД минатата недела спроведе испитување за протекување во кинеска нуклеарна централа откако француска компанија која делумно поседува и помага во работата предупреди на „непосредна радиолошка закана“, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на американски официјални лица и документи во кои имал увид.

Предупредувањето вклучува обвинение дека кинеската безбедносна администрација ги подигнала прифатливите граници за откривање на радијацијата надвор од нуклеарната централа Таишан во провинцијата Гуангдонг за да се избегне нејзиното затворање, се вели во писмото на француската компанија „Фраматоме“ до американското Министерство за енергетика, до кое имаше пристап Си-Ен-Ен.

Според Си-Ен-Ен, и покрај алармантното известување, администрацијата на Бајден смета дека објектот сè уште не е на „ниво на криза“, рече еден од изворите.

Состојбата беше разгледана со француската влада и нејзините сопствени експерти од Министерството за енергетика, велат извори. Соединетите држави исто така биле во контакт со кинеската влада, соопштија американските власти, иако опсегот на тој контакт е нејасен.

Американската влада одби да објасни што е наведено во проценката, пишува Си-Ен-Ен и додава дека компанијата „Фраматоме“ ги контактирала Соединетите држави со цел да добие можност за користење на американска техничка поддршка со цел да се реши проблемот во кинеската нуклеарна електрана.

Слични содржини