211
Уште околу 900 американски војници ќе бидат распоредени или веќе пристигнале на Блискиот Исток за да ја зајакнат противвоздушната одбрана и да го заштитат американскиот персонал од засилени напади на групи поврзани со Иран, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Патрик Рајдер.
„Додека се зголемуваат тензиите околу војната меѓу Израел и Хамас, американските трупи беа нападнати најмалку 12 пати во Ирак и четири пати во Сирија минатата недела“, рече тој на брифинг со новинарите, според Ројтерс.
Рајдер рече дека американските сили биле мета претходно денеска во Ирак, но нападот бил одбиен.