САД: Израел повлекува дел од своите војници од Газа, можни операции со помал интензитет

од Stefanija Kuzmanovska

Израелската одлука да повлече дел од своите војници од Појасот Газа се чини дека е почеток на постепена транзиција кон операции со помал интензитет на северот од оваа палестинска енклава, иако се уште се водат интензивни борби, изјави денеска американски официјален претставник, додавајќи дека , според сведочењето на жителите на Газа, Израел ги повлекол тенковите од некои делови на окупираната палестинска територија.

Меѓутоа, на други места, тешките борби ги спореди со интензивните израелски воздушни напади, пренесува „Ројтерс“.

„Ова се чини дека е почеток на постепена транзиција кон операции со помал интензитет во северниот дел на Газа, што го охрабруваме. Ова го одразува успехот на израелските одбранбени сили (ИДФ) во разбивањето на воените способности на Хамас. Сепак, апелираме на претпазливост бидејќи борбите продолжуваат на север“, изјави американски претставник.

Слични содржини