Соединетите држави не ја кријат својата намера да му помогнат на Киев со цел да го зголеми својот офанзивен потенцијал, иако никој не ѝ се заканува на Украина, процени Кремљ.
– Соединетите држави не ги кријат своите постојани намери да ѝ дадат секаква можна помош на Украина со цел да го зајакнат офанзивниот воен потенцијал на Киев. Таквата помош доаѓа во Украина од Америка – рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно денес, шефот на Пентагон, Лојд Остин, објави дека му ветил на украинскиот министер за одбрана Андреј Таран помош во борбата против „руската агресија“.
Во исто време, додаде Песков, никој не ѝ се заканува на Украина.
– А од друга страна, тоа ги провоцира вжештените глави во Украина, кои стојат зад репресивните мерки во земјата. Ова ги охрабрува да бидат агресивни, особено кога станува збор за решавање проблеми на југо-истокот на земјата. Тоа е во спротивност со сè и во никој случај не придонесува за стабилност и предвидливост во срцето на Европа – рече Песков.
Портпарол на Кремљ додаде дека поради овие репресивни мерки, економската состојба во Украина драматично се влошува.
Тој додаде дека се применуваат репресивни мерки против новинари и водечки политичари и во тој контекст посочи дека Москва е загрижена што се воведени санкции и против лидерот на партијата „Опозициска платформа – за живот“, Виктор Медведчук.