САД ја обвинија Кина за хакирање на стотици илјади корисници на мобилни телефони

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Американските власти се сомневаат дека Кинезите, за време на неодамна откриената хакерска и шпионска кампања, собрале податоци за стотици илјади американски корисници на мобилни телефони и можеби неовластено преземале информации од повеќе од еден милион корисници, објави денеска ABC News.

Според информациите на таа телевизија, меѓу жртвите на кинеските хакери биле и некои од највисоките владини функционери во администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, а меѓу нив е и најмалку еден секретар на неговиот кабинет, како и советник за внатрешна безбедност на Белата куќа.

Извори запознаени со истрагата дадоа на ABC News детален преглед на масовниот обем на она што американските официјални лица го нарекоа голема операција за собирање разузнавачки информации од страна на Кина, до која дојде преку искористување на слабостите во комуникациските мрежи на големите американски телекомуникациски компании.

Слични содржини