САД ја охрабруваат Северна Македонија да ги преземе потребните чекори за најдобра можна иднина на државата

од Radmila Tasevska
283 прегледи

САД ја охрабруваат Владата на Северна Македонија да ги преземе сите можни мерки за да се постигне најдобрата можна иднина на земјата, изјавија од Стејт департментот за МИА.

-Ова вклучува реформи во судскиот, здравствениот и образовниот сектор, со што ќе се поплочи патот за целосна интеграција во ЕУ, вели портпарол на Стејт департментот.

На прашањето дали дипломатијата на САД помага во надминување на ќор-сокакот со неможноста да се изгласаат уставните измени како предуслов за напредок во претпристапните преговори со ЕУ, портпаролот вели дека одговорот за тоа треба да се бара на претстојните избори.

-Се надеваме дека на претстојните избори гласачите ќе бараат транспарентност и одговорност од избраните лица и ќе побараат посилна, подобра и попросперитена земја која ја заслужуваат, изјави портпаролот.

Потсетува дека државниот секретар Ентони Блинкен и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан при неодамнешната посета на земјата укажале на тоа кој е патот за напредок на Северна Македонија.

Слични содржини