246
Соединетите Американски Држави денеска ја осудија одлуката на рускиот суд кој го осуди опозицискиот политичар Алексеј Навални на 19 години затвор.
„Ова е неправеден крај на неправеден процес“, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Се додава дека Кремљ со години се обидува да го замолчи Навални и дека со новата процедура руските власти уште еднаш покажале дека оние кои се осмелуваат да го критикуваат режимот не можат да сметаат на правично судење.