САД ја поздравија ратификацијата на Унгарија за прием на Шведска во НАТО

од Radmila Tasevska
354 прегледи

САД го поздравија гласањето за прием на Шведска во НАТО од страна на Унгарија.

Ние секако го поздравуваме денешното гласање во унгарскиот Парламент и со нетрпение го очекуваме неговото финализирање, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер.

Унгарскиот Парламент попладнево ја ратификуваше кандидатурата на Шведска за НАТО, отстранувајќи ја последната пречка за проширување на воената алијанса поттикната од руската инвазија на Украина. Парламентот ја одобри кандидатурата со 188 гласа за и шест гласа против членството на нордиската држава.

Слични содржини