Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнз синоќа објави дека САД целосно ја поздравуваат дискусијата во земјава за модифицираниот француски предлог.
-САД ја поздравуваат дискусијата во Северна Македонија за ревидираниот предлог на ЕУ за почеток на пристапните преговори, признавајќи ја важноста на македонскиот јазик и идентитет. Долго време ја поддржуваме иднината на Северна Македонија во ЕУ и сега гледаме можност да се придвижи напред“, напишала Брнз на Твитер, објави американската амбасада во земјава.
The U.S. welcomes the discussion in North Macedonia of the EU’s revised proposal to start accession talks, recognizing the importance of Macedonian language and identity. We have long supported North Macedonia’s EU future and now see a path to move it forward.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) July 3, 2022
Претходно и евроамбасадорот во земјава, Дејвид Гир, даде поддршка за Македонија што побрзо да почне со пристапните преговори за членство во ЕУ.
-Се надевам дека целиот процес ќе биде плоден, дека ќе се зацрта патот за отворање на пристапните преговори на ЕУ со Македонија. Чисто е: одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања, напиша Гир на Твитер.