САД ја предупредиле Русија во Советот за безбедност на ОН да преземе чекори кон мир

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Соединетите Американски Држави ја предупредиле Русија на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации да преземе чекори кон мир и да се сретне со украински претставници или да се соочи со можни санкции, објави денес „Гардијан“.

На вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, кој беше свикан вчера по ракетните напади врз Киев во текот на ноќта во четврток, 28 август, во кои загинаа најмалку 23 лица, американскиот дипломат Џон Кели рече дека нападите „фрлаат сомнеж врз сериозноста на желбата на Русија за мир“ и побара „нападите врз цивилните области мора веднаш да престанат“.

Тој рече дека рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски мора да се согласат на состанокот и го повтори предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон може да воведе санкции врз Русија ако војната во Украина продолжи.