Соединетите Американски држави ја следат состојбата во врска со критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Изјавата на Трамп следеше откако рускиот опозициски лидер беше хоспитализиран, додека соработниците на руската опозиција се сомневаат во труење.

Во говорот што го даде на настанот во Белата куќа, Трамп рече дека американски официјални претставници ги следат настаните поврзани со Навални, пренесува Ројтерс.

Слични содржини