САД: Ќе ги заштитиме Шведска и Финска за време на процесот на аплицирање за членство во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
210 прегледи

САД се убедени дека можат да ги решат сите безбедносни проблеми што би можеле да ги имаат Шведска и Финска во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и приемот во таа организација, соопшти Белата куќа.

„Убедени сме дека можеме да најдеме начини да ги решиме сите проблеми што би можела да ги има која било од овие две земји во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и формалниот пристап кон оваа организација“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на конференција за новинари, пренесува „Ројтерс“.

Шведска и Финска се загрижени дека за време на процесот на аплицирање за членство во НАТО, кој може да потрае и до една година, бидејќи е потребна согласност од сите членки на Алијансата, не можат да се одбранат од можните обиди на Русија да ја загрози нивната безбедност.