Соединетите Држави денеска соопштија дека неодамнешните акции на Кина во близина на Тајван го зголемуваат нивото на ризик и изразија надеж дека однесувањето на Пекинг ќе се врати на претходно воспоставените правила, пренесува „Ројтерс“.
Кина, која тврди дека Тајван е нејзин регион, организираше воени вежби во близина на островот овој месец за да го покаже своето незадоволство поради посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, обвинувајќи го Вашингтон за ескалација на тензиите.
„Ова не се акции дизајнирани да промовираат мир и стабилност во регионот, тие се многу провокативни и го зголемуваат нивото на ризик“, рече секретарот на американските воздухопловни сили, Френк Кендал.