Романија и другите членки на НАТО се информирани за намерата на САД да го намалат бројот на американски војници распоредени на источното крило на НАТО во Европа, вклучително и во романската воздухопловна база „Михаил Когалничеану“, соопшти вчера романското Министерство за одбрана, цитирано од Ројтерс.
Министерството соопшти дека одлуката е очекувана во светлината на промените во приоритетите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Сепак, околу 1.000 американски војници ќе останат во Романија.